Бесплатна работилница за бременост и породување

Во четврток со почеток од 18:00 часот во просториите на Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“ ќе се одржи едукативна работилница на тема „Најзначајните информации за бременоста и породувањето“.

Влезот на работилницата е бесплатен, а е во организација на Здружението за грижа и едукација на бремени жени, мајки и деца „Лулка“.

Едукативната работилница е наменета за бремените жени и нивните партнери, со цел да се запознаат со сите аспекти на бременоста и породувањето, како и за младите кои допрва ги чека одлуката за формирање семејство, кои треба да се запознаат со основните информации за бременоста, за да имаат посакувана и планирана бременост кога за тоа ќе бидат подготвени.

Пријавувањето за посета на работилницата се врши на [email protected] или на телефонскиот број 078/377-791.