Во Центрите за јавно здравје од утре ќе функционираат Советувалишта за откажување од пушењето цигари на здравствените работници, соопшти министерот за здравство Никола Тодоров.
Од 20 – ти август истите ќе бидат достапни за сите граѓани кои сакаат да се откажат од цигарите.
Тој истакна дека со овој проект се опфатени здравствени работници кои се пушачи и истите од утре па до 20 август ќе поминат советувалиште за одвикнување од пушење.
– Осумдесет отсто од лекарите сметаат дека пушачите полесно ќе се откажат од цигарите ако ги советува лекар, вели Тодоров.
Целта на Советувалиштата е да се истакнат многубројните здравствени придобивки од откажуавњето од цигарите.
Заинтересираните граѓани ќе можат да одат на советувалиште два пати неделно по два часа, а ќе има и групна едукација од по 10 тина пациенти, за сите оние кои ќе ги посетуваат советувалиштата.
Тодоров додаде дека е предвидено и индивидуално советувалиште, кое исто така ќе биде беплатно за сите заинтересирани пациенти.