Без голови на дуелот меѓу Реал Мадрид и Сосиедад

Во последниот неделен натпревар од 19-то коло на шпанското фудбалско првенство Реал Мадрид и Реал Сосиедад одиграа 0:0.

Реал беше надмоќен и голот на гостите висеше во текот на целиот дуел, но „Кралевите“ не успеаја да постигнат гол од неколкуте можни прилики.

Со овој резултат Реал заостанува зад лидерот Барселона, која сега има има големи плус пет бода, а двата клуба имаат натпревар помалку.

Претходно во неделата фудбалерите на Селта Виго го победија Атлетик Билбао со 1:0, но натпреварот го одбележа гостинскиот напаѓач Инаки Вилијамс, кој не настапи и стави крај на својот неверојатен рекорд од 251 последователен настап во Ла Лига. Вилијамс играше на сите првенствени натпревари за Атлетик од 20-ти април 2016 година, а серијата сега ја прекина поради повреда.

Репрезентативецот на Гана започна на 212 натпревари, додека во игра влезе како замена на 39 натпревари, постигна 50 гола и имаше 31 асистенција. Претходниот рекорд од 202 последователни натпревари го држеше поранешниот играч на Реал Сосиедад, Џон Андони Ларанаж.

Вилијамс е роден во Билбао, но неговите родители се од Гана, па минатото лето ја прифати поканата да настапува за селекцијата на Гана со која учествуваше на Светското првенство во Катар. Интересно, тоа беше третата репрезентација чиј дрес го носеше. Играше и за шпанската У-21 и за сениорска репрезентација, како и за репрезентацијата на Баскија.

Селта освои важни бодови совладувајќи го Билбао со 1:0 со голот на Иаго Аспас во 71 минута.

И преостанатите два неделни натпревари завршија со идентични резултати. Атлетико Мадрид на гости ја победи Осасуна со 1:0. Решавачкиот гол го постигна Саул во 74 минута од натпреварот. Реал Ваљадолид ја победи Валенсија со голот на Сајл Ларин во 90 минута.

Колотп во понеделник ќе го затворат Виљареал и Рајо Ваљекано.

На табелата води Барселона со 47 бодови, Реал е втор со пет бода помалку, додека Реал Сосиедад е трет со 39 бодови. Атлетико Мадрид е четврти со 34 бодови.