Фудбалерите на Барселона се вратија на второто место на табелата во шпанската Примера со победата на домашен терен против Валенсија со 4:2 (1:2) во последниот натпревар од 33.коло, кој го одбележаа промените и трите погодока на полскиот напаѓач
Фермин Лопез во 22. минута со глава ја доведе Барселона во водство, но потоа Тер Штеген направи грешка и му дозволи на Хуго Дуро во 27. минута да го постигне израмнувачкиот гол. Десет минути подоцна Валенсија поведе од пеналот кој во 38. минута го реализирапе на Пепелu, но гостинскиот голман Гиорги Мамардашвили беше исклучен во судиското надополнување, а домашните знаеја како да го искористат тоа во продолжението. Полскиот центарфор Роберт Левандовски во 49., 82. и 90+3 минута двапати успеа од голема мешаница во петерецот со глава да ја забие топката во мрежата за 3:2, а потоа во судиското продолжение од слободен удар од 20-ина метри го комплетираше „хет-трикот “.
Второпласианата Барселона сега има 73 бода, два повеќе од третата Жирона, но и 11 помалку од лидерот Реал Мадрид, кој практично ја обезбеди титулата. Валенсија е осма со 47 бодов