![GettyImages-460978339.0.0](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/09/GettyImages-460978339.0.0.jpg?resize=640%2C427&ssl=1)
Клиф Робинсон помина во НБА лигата 18 години, играјќи за „Портланд“, „Феникс“, „Детроит“, „Голден Стејт“ и „Њу Џерси“. Во 1993 година беше избран за шести играчи на НБА лигата, а една година подоцна беше учесник на Ол-стар натпреварот.
Кога ја заврши кариерата во НБА, Клиф Робинсон влезе во бизнисот со производство и дистрибуција на марихуана, што е дозволено во некои држави во САД. Тој е голем поддржувач на легализација на марихуана, која многу му помогнала во кариерата.
Ако играш 18 години во НБА и имаш најмалку 82 натпревари по сезона, мораш да научиш да живееш со анксиозност и мораш да научиш да се опушташ. Канабисот секогаш ми помагаше во тоа, изјави Робинсон.
Робинсон во текот на кариерата и два пати беше избран за најдобар дефанзивен тим на лигата, а одигра 1.521 натпревар, на кои во просек постигнуваше 14 поени по меч.