-4.2 C
Skopje
недела, ноември 24, 2024

Без мерит системот ќе се бираат 150 нови судии, меѓу кои се синови и ќерки на актуелни функционери

Во емисијата „Заспиј ако можеш“ гостуваше новинарот Саше Димовски кој е добар познавач на правосудството во Македонија. Тој зборуваше за тоа што стои за правосудството и судскиот систем во извештајот на Европската комисија и како тоа треба да се толкува, но и за тоа каква е реалната состојба во овие институции. Тој вели дека извештајот не нотира многу клучни работи како што е изборот на судии без да се почитува бодовната листа и мерит системот па се избираат петнаесто рангираните, туку го гледа само нормативниот дел.

„За чудо, Европската комисија во овој извештај не нотира многу важни работи кои се случија во судството, туку само го гледа нормативниот дел. Донесен закон за Јавно обвинителство, донесен закон за Судски совет, донесени мерила и критериуми, меѓутоа нигде во тоа не пишува дека од листата на таканаречени бодови кои ги рангираат судиите. Судскиот совет не го избра ни првиот, ни вториот, туку го избра четирнаесетиот и петнаесетиот на листа. За каков мерит систем зборува таму и за критериуми за избор во Судски совет. Значи премолчен е еден многу битен факт, затоа што тие судии кои беа унапредени во овој период беа унапредени скандалозно надвор од сите прописи а тоа извештајот не го нотира“, рече Димовски.

Додаде дека во избештајот не е спомнато и дека Судскиот совет го заштити својот член од притвор за претходни криминални активности сосема незаконски, надвор од Уставот

„Извештајот не нотира дека Судсиот совет го заштити својот член од притвор за претходни криминални активности сосема незаконски, надвор од Устав, надвор од постапка. Можеби Врховниот суд тоа ќе го нотира во некоја друга постапка понатаму и затоа мислам дека од овој умерен напредок кој таму е споменат, Европа некако таму… незнам, колку да ни даде некаква оценка“, додаде Димовски.

Друга работа која според Димовски е посериозна е тоа што при унапредување на судиите се газат сите критериуми.

„Сега имаме полоша ситуација бидејќи во унапредувањето се изгазија сите критериуми за кои зборува извештајот. Значи џабе направија ранг листи и џабе направија критериуми кога ако имате вие листа и го бирате петнаесетиот а не првиот тогаш навистина треба да објасните зошто, нагласи тој.

Како новинар кој често присуствува на седниците на Судскиот совет, Димовски откри дека во истиот постојат три струи, две на СДСМ, скопското и струмичкото, како и крилото на ДУИ кое во Советот има четири гласа. Па така, според него, лесно може да се предвиди кој ќе биде избран само по тоа кој го предлага.

„Во Судскиот совет, тоа што извештајот не го констатира, имаме три струи. Едната струја е СДСМ скопско пазарџиско крило каде што имаме преставник судика од скопје и ако таа предложи се знае кое е тоа крило. Второто крило е струмичкото на Зоран Заев со една судика од Струмица и кога таа предлада од Струмица да дојде судија во Скопје, се знае дека таа е одлука на фамилијата и дека таа треба да дојде. Третото крило е ДУИ кои имаат четири гласа во Судскиот совет, тоа е мнозинство од Бадентер и ако тие четири кандидати не се согласат и не гласаат за кандидат, таму Господ не може да избере судија, бидејќи во најголем дел од изборите е потребен и бадентер. Тоа се трите крила и за да биде избран некој зависи само на кое крило припаѓа. Јас како човек кој седи таму многу по често од нив на седниците кога само ќе видам дали предлага Гордана Спиревска, дали предлага Лорета Ѓеорѓиева или предлага некој од ДУИ, јасно ми е од кај дува ветрот и кој ќе биде избран. Последниот избор, на пример еве за Апелациониот суд јас три месеца унапред напишав кој ќе бидат избрани“, рече Димовски.

Како еден од погорливите проблеми тој го спомна и тоа што од 150 нови судии кои се примаат одеднаш, сите се синови и ќерки на актуелни функционери а и ова исто не е нотирано во извештајот на Европската комисија.

„Де-факто немаме судии, но немаме затоа што Судскиот совет направи лоша преценка и сег одеднаш примаат 150 нови судии што значи дека тоа е бројка од 25% од вкупниот број на судии во земјава кои за година ипол ќе бидат избрани за судии, а на таа листа се сите мамини и татини синови на сегашните функционери. Почнувајќи од претседателот на Собранието, Талат Џафери, па претседателот на Судскиот совет Киро Здравев па до заменичката на Катица Јанева итн. И ние зборуваме за непристрасно судство, па како ако децата токму сега кога нивните родители се на највисоките функци влегуваат во Академијата“, заклучи Димовски.