Во првиот натпревар од продолжувањето на германското фудбалско првенство и дербито на 16-то коло РБ Лајпциг ремизираше со 1:1 на домашен терен со бранителот на титулата и водечкиот на табелата минхенски Баерн.
Подобрата игра во првото полувреме Баерн ја круниса со погодокот на Ерик Максим Чупо-Мотинг во 37 минута. Домаќините израмнија на почетокот од второто дело во 52 минута, преку Марсел Халштенберг.
Баерн остана на првото место на Бундеслигата со 35 бодови, пет бодови и меч повеќе од второпласираниот Фрајбург. РБ Лајпциг остана моментално трет со 29 бодови, два повеќе од франкфуртски Ајнтрахт и Унион Берлин, кои имаат и меч помалку.
Во сабота се играат натпреварите Бохум – Херта (15.30 часот), Ајнтрахт – Шалке (15.30), Штутгарт-Мајнц (15.30), Унион Б. – Хофенхајм (15.30), Волфсбург – Фрајбург (15.30 часот) и Келн – Вердер (18.30), а во недела на распоредот се дуелите Борусија Д. – Аугсбург (15.30) и Борусија М. – Баер Л. (17.30).