
Во дербито од четвртото коло од фудбалското првенство на Германија, претендентите за титулата РБ Лајпциг и Баерн одиграа без победник 1:1.
Гостите од Минхен поведоа уште во 3 минута кога Милер одлично го проигра Левандовски, а на 1:1 израмни Форсберг од пенал во третата минута од судиското продолжение на првото полувреме, откако Ернандез со фаул го запре Поулсен во својот шеснаесетник. РБ Лајпциг е на врвот на дабелата со 10 бодови, еден повеќе од Борусија од Дортминд и два повеќе од третиот Баерн и четвртиот Волфсбург.
Аугсбург со 2:1 го победи Ајнтрахт од Франкфурт, а до првата победа сезонава домашните дојдоа со головите на Рихтер во 35 и Нидерлехнер во 43 минута, додека на конечните 2:1 намали Пасиенсија во 73 минута. Аугсбург сега е 14-ти со четири бодови, два помалку од 8-от Ајнтрахт.
Борусија во Дормунд убедливо со 4:0 го совлада Баер од Леверкузен. Стрелци за Борусија беа Пако Алкасер во 28, Ројс во 50 и 90 и Гвереро во 83 минута. Борусија е втора со 9 бодови, а Баер е шести со седум бодови.
Мајнц пред своите навивачи ѝ го нанеси третиот пораз сезонава на Херта со 2:1. Квајсон ги доведе домашните во водство во 40 минута, гостите израмнија во 83 минута преку Грујиќ, но водството повторно отиде на страната на домашните со голот на Сен-Џусте две минути пред крајот. За Мајнц ова беше првата победа сезоната, покрај трите пораза, и е 16-ти со три бода, а Херта со само едно реми има бод и е 18-та, зад претпоследниот Падеборн кој има исто така еден бод но и меч помалку.
Борусија Менхенгладбах со голот на Плеа уште во 14 минута славеше на гости кај Келн. Борусија сега има седум бодови со кои е на 5-то место, додека Келн е 15-ти со три бода.
Унион Берлин не успеа да го повтори успехот против Борусја Д, и беше поразен на домашен терен со 1:2 од Вердер. Гостите поведоа веќе во 5 минута од пенал преку Класен, а исто така од белата точка израмни по само девет минути Андерсон, но гостите до трите бода дојдоа со погодокот на Филкруг во 55 минута. Дебитантот во Бундеслигата Унион собра четири бода во четирите кола и е 15-ти на табелата, додека Вердер има шест бодови со кои е на 9-то место.
Во петокот вечерта Фортуна и Волфсбург со головите на Гиеселман во 16 и Вегхорст во 29 минута ги поделија бодовите. Фортуна е 12-та со четири бодови, а Волфсбург е четврти со осум бодови.
Во недела ќе се одиграат дуелите Хофенхајм 0- Фрајбург и Падеборн – Шалке 04.