![mariappa](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/02/mariappa.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
Во натпреварот на екипите кои се борат за опстанок во Премиер лигата, Брајтон едн Хоув Албион и Вотофорд во средбата од 26-то коло од англиското превенство одиграа 1:1.
Гостите во водство ги донесе Абдулаје Дугуре во 19 минута, но домашните до бод стасаа со автоголот на Адријан Мариапа во 78 минута. Брајтон е 15-ти со 27 бодови, три повеќе од зоната на испаѓање, додека Вотфорд е претпоследен 19-ти со 24 бодови, бод помалку од местото кое обезбедува опстанок.
Претдходно во саботата Евертон на својот „Гудисон Парк“ го солвада Кристал Палас со 3:1. Домашните поведоа во 18 минута преки Бернард, а во 51 минута израмни Кристијан Бентеке. Сепак, Ричарлисон во 58 и Доменик Кавлерт-Левин во 88 минута му ја донесоа победата на домашниот тим. Евертон сега има 36 бодови и моментално е на седмата позиција, а Кристал Палас со 30 бодови е 14-ти на табелата.
Во недала играат Шефилд Јунејтед – Борнумт и Манчестер Сити – Вест Хем, додека другите натпревари од 26-то коло се играат следниот викенд.