Без струја делови од Аеродром и Карпош

Поради техничките зафати во електросистемот во Град Скопје, без електрична енергија денеска ќе останат дел од корисниците од општините Аеродром и Карпош.

Како што информира ЕВН, од 09:00 до 12:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од улицата „Тодор Чангов“ и подулиците „35“, „37“, „39“, „46“ и „48“.

Од 8:30 до 15:00 часот без струја ќе останат корисниците на дел од улиците „10“ и „19“ во селото Бардовци, а од 11:00 до 14:30 часот корисниците од улицата „Миле Поп Јорданов.