И министерот Манчевски во самоизолација по средба со Зекири

Минситерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски објави на Фејсбук дека е во самоизолација поради средба со потпретседателот на СДСМ, Мухарем Зекири, кој е позитивен на коронавирусот.

„Согласно препораките на епидемиолозите, поради средбата со мојот другар и колега Мухамед Зекири, во наредните девет дена ќе бидам во самоизолација. На средбата беа применувани здравствените протоколи, но сепак препораките на здравствените експерти се најважни и мора да ги почитуваме. На Муки и семејството им пожелувам брзо закрепнување. На сите други Ви посакувам добро здравје“, напиша Манчевски во фејсбик статус.

Претрходно во неделата вечерта советникот за односи со јавност во Владата, Марјан Забрчанец, исто така, објави дека е во изолација откако потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, објави во неделата дека е позитивен на коронавирусот.

Забрчанец имал состанок со Зекири во четврток, и како што вели тој самиот, бил на растојание од 1,5 метри, и носел заштитна маска.