Заради технички зафати во дистрибутивната електромрежа денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Сарај, Карпош и Ѓорче Петров, соопштуваат од РЦУК – Скопје.
Во периодот од 8 до 14 часот струја ќе немаат корисниците на дел од селото Матка во Општина Сарај, а од 9 до 14 часот корисниците на дел од улицата „Франц Пешерн“ во Општина Карпош.
Прекин на струја во периодот од 10 до 12 часот ќе има во објектите близу ОУ „Јоаким Крчовски“ во село Волково во Општина Ѓорче Петров.