Без возачка со својот Мерцедес се заби во дрво

Без возачка со својот Мерцедес се заби во дрво
Без возачка со својот Мерцедес се заби во дрво

Деветнаесетгодишна штипјанка и нејзината пријателка се повредени откако вчера рано наутро управувајќи со Мерцедес од последната серија удрила во дрво по што се одбила и се забила во паркиран мотоцикл, јавуваат локалните медиуми.

Девојките веднаш биле префрлени во Клиничката болница во Штип.

Информацијата ја потврдила и полицијата од каде информираат дека 19 годишната девојка немала возачка дозвола, а возилото марка Мерцедес кој го управувала не бил во нејзина сопственост.

Тригодишно дете загина во сообраќајна несреќа во кратовско

Тригодишно дете загина синоќа во сообраќајна несреќа што се случила во село Туралево, кратовско откако возило мерцедес со бугарски регистерски ознаки управувано од М.С.(45) од Крива Паланка удрило во детето.

Како што соопшти МВР, страотната несреќа се случила околу 20:30 часот, а детето кое во сообраќајката се здобило со тешки телесни повреди починало на самото место.

Извршен е увид и се работи на целосно расчистување на случајот.