![Anita 1](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/05/Anita-1.jpg?resize=640%2C284&ssl=1)
Собранието на Република Македонија на 46. седница ја именуваше д-р Анита Ангеловска Бежоска за гувернер на Народната банка на Република Македонија (НБРМ) на предлог на претседателот Ѓорге Иванов.
За неа гласаа 81 пратеник, воздржани и против немаше.
Ангеловска Бежоска е првата жена гувернер на НБРМ, а на оваа позиција доаѓа од вицепремиерското место во НБРМ.