Безживотно машко тело пронајдено на улица во Прилеп

Безживотно тело на возразен маж е најдено на улица во Прилеп во раните утрински часови во саботата, соопшти Министерството за внатрешни работи.

На 18.04.2020 во 05,45 часот во СВР Битола, било пријавено дека во Прилеп во близина на месноста викана Шарена чешма на улица било забележано паднато машко лице.

Од страна на полициски службеници излезено е на лице место и на улицата „Браќа Ламески“, пронајдено било безживотно машко тело, со видлива повреда на главата, за кое е утврдено дека е  73-годишниот Р.Р.  од Прилеп.