Пејачката Бијонсе открила дека има два големи кошници на својот имот од кои произведува „стотици тегли мед годишно“ за приватни цели.
Бијонсе поседува дури „околу 80.000 пчели“.
Триесет и девет годишната пејачка откри дека започнала да се занимава со пчеларство поради нејзините ќерки – Блу Ајви (8) и Руми (3) – на кои медот им помага да ги надминат тешките симптоми.
– Знам дека звучи малку случајно, но имам две кошници. Веќе извесно време го имам на имотот. Имам околу 80.000 пчели и правиме стотици тегли мед годишно. Почнав да се занимавам со пчеларство затоа што моите ќерки, Блу и Руми, имаат страшни алергии, а медот има безброј лековити својства – рекла пејачката.
Пчеларството не е единствениот деловен потфат на оваа голема sвезда – која покрај гореспоменатите ќерки, со сопругот Џеј Зи го има и тригодишниот син Сер. Таа има целосна сопственост на својата музика, филмови и моден бренд Ајви Парк.