Би сакале, ама не можеме да се споредиме со СДСМ – Тие не отвораа фабрики, туку затвораа

фати Европа и светот, но затоа на нивно место беа обезбеден идруги инвеститори кои дојдоа и отворија десетици илјади нови работни места.

Би сакале да се компарираме со дебаклот на СДСМ на ова поле, но за жал не можеме. Од проста причина што во нивно време не се отвораа фабрики, туку напротив се затвораа фабрики и се бркаа инвеститори со барања за провизии. Народот памети дека СДСМ пропушти поради неспособност и корумпираност да ги донесе брендовите како АУДИ и банките ИНГ и Рајфајзен, а  многу другии светски брендови ја избегнуваа Македонија и инвестираа во други земји од источна Европа, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму велат дека за неуспешноста на СДСМ во носењето на странски инвеститори покажува и фактот што индустриските зони во Струмица, каде што Заев е градоначалник, сеуште се празни ливади и нема ништо од ветените 300 производствени погони и 3000 работни места кои така помпезно ги најавуваше на почетокот на третиот  и последен мандат кој полека му истекува.

СДСМ се плаши од избори и тоа постојано го покажува. Доколку се толку силно убедени дека граѓаните им веруваат, тогаш зошто бегаат од избори и бараат илјадници оправдувања. Во СДСМ се свесен дека граѓаните не веруваат повеќе во ниту една нивна манипулација. Затоа кога зборуваат во име на граѓаните знаеме дека говорат во име на Зоран Заев и Радмила Шекеринска, истите ликови кои аплаудираа и слепо ја поддржуваа криминалната транзиција во која се затворија  684 фабрики и 200 илјади луѓе оставија на улица, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.