„Биг-Бен“ слави 100 години од директните радио преноси на новогодишното ѕвонење

Во недела, лондонската знаменито „Биг-Бен“ ја одбележува 100-годишнината од своето ѕвонење, коешто се емитува во живо низ целиот свет на новогодишната ноќ на радио BBC.

Уште од новогодишната ноќ 1923 година, кога инженерот на BBC. А.Г. Драјленд се искачи на покривот спроти британскиот парламент за да го сними ударот на чеканот на славната камбанарија и да го најави почетокот на 1924 година, преносот во живо стана годишна традиција.

Длабокиот звук на „Биг-Бен“, како што популарно се нарекува големото ѕвоно во Кулата на Елизабета на британскиот парламент, се емитува двапати дневно на i Radio 4, во 18 часот и на полноќ. Се емитува и во недела во 22 часот.

Ова познато ѕвоно тешко 13,7 тони ќе ѕвони дванаесет пати на полноќ за да го означи почетокот на Новата година.

Како што ја најавува Новата година, со звукот на „Биг-Бен“ се одбележува и Денот на примирјето, крајот на Првата светска војна и Неделата на сеќавање на сите жртви на двете големи војни.

Ѕвоната на „Биг-Бен“ биеја и по повод излегувањето на Обединетото Кралство од Европската унија во 2021 година и на државниот погреб на кралицата Елизабета Втора во 2022 година

И додека денеска започнуваат прославите во Лондон, механичарот Ендрју Стрејнџвеј ќе биде на врвот на 96-метарската кула во која се сместени познатиот џиновски часовник и неговите пет ѕвона, вклучувајќи го и најголемото од нив, наречено „Биг-Бен“ поради неговата големина.

„Биг-Бен“ претрпе сериозно реновирање кое беше завршено во 2022 година. Експертите потоа го приспособија и синхронизираа големиот часовник со ѕвоната што се огласуваат на секои 60 минути. Пред реновирањето часовничарите ја проверуваа точноста со телефони, но по реновирањето тој беше опремен со GPS уред, благодарение на Националната лабораторија за физика.