Двајца министри во Босна и Херцеговина, кои имаат приватни фирми, имаат милионски долгови по основ на царина и данок на додадена вредност, пишува сараевскиот весник „Дневни аваз“.
Весникот наведува дека станува збор за допремиерот и министер за земјоделство, водостопанство и шумарство Јерко Иванковиќ Лијановиќ и министерот за труд, социјална политика и бегалци од Зеничко-добојскиот кантон Ивица Чуриќ.
Двајцата министри заедно на државата и должат повеќе од 11 милиони марки (околу 5,5 милиони евра).