Босна и Херцеговина мора да биде во постојана готовност поради „малигното руско влијание“, а наводите за обука на лица кои наводно требало да предизвикаат немири во Молдавија за време на минатонеделниот референдум и претседателските избори треба да бидат темелно истражени, предупреди министерот за надворешни работи на БиХ, Елмедин Конаковиќ.
Молдавската полиција известила дека минатата седмица извршила рации низ целата земја и уапсила неколку лица под сомнение дека наводно подготвувале немири по инструкции од Русија кои требало да го попречат референдумот, според која клаузулата за пристапување во Европската унија како крајна цел треба да биде влезе во уставот на земјата и да влијае на резултатите од претседателските избори.
На контроверзниот референдум мнозинството Молдавци се изјаснија за членство во ЕУ, но резултатот беше многу тесен и по водството на опцијата „не“ по доцното ноќно доаѓање на гласовите од западните земји во Европа и САД дојде дури до пресврт, бидејќи на крајот „за“ гласаа 50,38 отсто а „против“ 49,6 отсто. Актуелната претседателка Маја Санду, која е силен поддржувач на приближувањето кон ЕУ и критичар на Русија, не ја извојува најавената убедлива победа во трката за уште еден мандат, како што предвидуваа предизборните анкети, па ќе мора еднаш да се соочи повторно главниот противник во второто коло, поранешниот сменет државен обвинител Александар Стојаноглу, од проруската автономна област Гагаузија каде „референдумот за ЕУ“ доби само 5 отсто.
Минатиот викенд медиумите блиски на Санду пишуваа без докази за наводни обиди да се купат гласовите на гласачите за да ги поддржат проруските каузи и кандидати. Од друга страна, опозицијата бележеше полиички притисоци врз гласачите од страна на прооманската и прозападната власт во Кишињев и стотици нарушувања на изборниот процес.
Истрагата на молдавската полиција претходно доведе до информации дека Русија наводно вложила значителни ресурси и пари за да го попречува референдумот и да влијае на претседателските избори, па затоа наводно организирале специјална обука на своја територија, но и во Србија и во Босна и Херцеговина. Според собраните информации, таму биле обучувани млади луѓе кои требало да учествуваат во проруски демонстрации. Ниеден од овие наводи не беше документиран или проследен со каков и да е доказ.
Во исто време кога оваа информација беше објавена од Министерството за безбедност на БиХ, предводено од Ненад Нешиќ, коалициониот партнер на лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, имаше експресен демант во кој тие ги обвинија медиумите за ширење неточни информации „кои апсолутно нема врска со Босна и Херцеговина“.
Од демантите се гледа дека тие не биле во контакт со колегите од Молдавија, па не ја провериле валидноста на доказите за „руските обиди за дестабилизација“, но откако таа била потврдена информација дека биле „регистрирани сомнителни активности“ на територијата на Босна и Херцеговина и откриена од Агенцијата за разузнавање и безбедност (OSA). Меѓутоа и за овие твдрења на федералното разузнавање нема никакви докази
Претседателот на собраниската комисија за надзор на OSA, Илија Цвитановиќ од хрватската HDZ 1990, за тамошните медиуми потврди дека од директорот на агенцијата за разузнавање Алмир Џува побарал информации за целиот случај.
Нема потврда за постоењето на некои кампови за обука, но OSA наводно утврдила дека пред два месеца во БиХ престојувале странски државјани „од исток“ кои може да се поврзат со обиди за организирање групи чија цел е да ги попречат јавните собири. Притоа нејасно е за какви јавни собири би санувало збор и кој би ги организирал нив.
Потоа, министерот за надворешни работи Конаковиќ најави дека „лично ќе инсистира“ на Советот на министри на БиХ целата работа да се расчисти докрај, бидејќи е сигурен дека во неговата земја има луѓе кои се занимаваат со „конкретни задачи“ поврзани со „руско влијание, а сега има информации и од ОSА“. „Ова укажува и повикува на претпазливост која мора да биде постојана кај нас кои живееме во Босна и Херцеговина“, рече Конаковиќ.