
Четиригодишно дете, кое беше пронајдено мртво во автомобил во Доња Пискавица, починало поради прегревање, изјави денеска српскиот патолог и директор на Институтот за судска медицина на Република Српска, Жељко Каран.
Телото на детето, родено во Германија, е пронајдено вчера околу 16.30 часот во автомобил во дворот на семејната куќа во селото Драгичевиќ, јавија локалните медиуми
– Возилото беше на сонце, а внатре беше како во рерна – изјавил Каран.
Вчера температурата на воздухот достигнала и до 36 степени, така што била многу повисока во автомобилот. Се уште не е точно познато колку долго детето било во возилото.