Компанијата „Тера пауер“, чиј коосновач е американскиот бизнисмен и филантроп Бил Гејтс, наскоро во САД ќе почне да гради нуклеарни електрани од новата генерација, пренeсува „Фајненшл тајмс“.
Извршниот директор на компанијата, Крис Левеск, тврди дека неговата фирма ќе ја започне изградбата во јуни на локација во близина на сегашната термоелектрана во Кемерер, во Вајоминг.
Изградбата ќе почне дури и ако дотогаш не ги добијат сите потребни дозволи од надлежните. Планирано е елекраната да почне со работа во 2030 година и да овозможи производство на поевтина, посигурна и еколошка енергија.
За ладење на реакторите нуклеарната централа ќе користи течен натриум наместо вода, што го прави процесот поевтин. Се очекува натриумскиот реактор да чини четири милијарди долари, а половината од трошоците ќе ги покрие Министерството за енергетика на САД.
„Тера пауер“ веќе собрала милијарда долари од инвеститорите. НИС само лани вложи речиси 802 милиони долари во еколошки проекти.
Бил Гејтс помогна во основањето на компанијата „Тера пауер“ во 2006 година и оттогаш е нејзин претседател. Компанијата истакнува дека нејзина цел е да му обезбеди на светот попристапен, посигурен и еколошки поприфатлив вид нуклеарна енергија.