Бил Гејтс: Трамп бараше да му ја објаснам разликата меѓу ХИВ и ХПВ

„MSNBC“ објави снимка во која Бил Гејтс зборува дека американскиот претседател, Доналд Трамп, побарал од него да му ја објасни разликата помеѓу вирусите ХИВ и ХПВ.

Сакаше да знае дали постои разлика меѓу ХИВ и ХПВ, па му објаснив дека тие две болести ретко можат да се помешаат, вели Гејтс во споменатата снимка.

Оваа снимка е направена за време на состанок на фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“, нешто порано оваа недела.

Гејтс на присутните на состанокот им соопштил дека претседателот на САД го запрашал дали вакцинацијата е навистина нешто лошо, односно дека Трамп изразил желба да формира комисија која би ги истражила резултатите од вакцинациите.