Битолчанка пронајдена мртва.
Станува збор за лицето со иницијали Д.К. родена 1962 година од Битола. Нејзиното безживотно тело вчера околу 17:30 кај Црн Мост во Битола, го забележал случаен минувач кој веднаш пријавил во битолската полиција.
Како што за Тера изјави портпаролот на СВР Битола, станува збор за лице кое претходно било пријавено за исчезнато од страна на семејството. Наредена е обдукција, за да се утврди причината за смртта.