Пејачката Били Ајлиш се пофали со нова, пократка фризура.
Били објави видео и фотографија на својот профил на Инстаграм каде го покажа својот нов имиџ, а на приказната откри и дека инспирацијата за овој изглед била нејзината мајка, Меги Берд.
„Исто како мајка ми“, напишала таа покрај една од фотографиите на нејзината мајка.
„Убава“, „Најубавата личност досега“, „Ќе ја покажам оваа фризура кога ќе се фризирам следниот пат“, „Ви стои убаво“, „Најубаво на светот“, се само некои од коментари под објавата која собра над четири милиони лајкови за помалку од 24 часа.
Пејачката ужива во трансформациите, а во март годинава ја обои својата неонска зелена коса во руса.
Исто така, Били, која носеше широка облека на почетокот на својата кариера пред објавувањето на нејзиниот последен албум, го смени и стилот на облекување, позирајќи за насловната страница на Вог во долна облека.