Каква е нашата вистинска природа. Како толку многу копнееме по слобода, а во прва прилика се предаваме и се самозаробуваме? Зошто сме толку првертливи? Зошто самите си ги упропастуваме животите? Почна од срамот, денес е стравот, најкратко, од почетокот до денес тоа е нашата историја.
Нашата свест која не сака да види со вистински очи каков е светот, не доведува да бидеме пасивни кон негативните, девијантни и патолошки сосотојби кои резултираат со секаква перверзија. Без да ви набројувам затоа што никому од вас нему се слуша за педофилија, капофагија, некрофилија, зоофилија и низа од однесувања кои просто не знаеш од кој извор на црна дупка произлегуваат. Ако сакате да го видете светот каков е повелете, одете во болница, било која, и ќе дојдете до заклучок дека светот е болен, а болен е затоа што духот му е заболен – да го парафразирам Шмеман. Верувате дека во здраво тело – здрав дух? Тоа е една од најлажните, нарасипаните, најподлите тези воошто! Само во здрав дух има здраво тело. Помислата и суетата, аргонацијата се последици на злоупотребена слободната воља. Штом решивме да бидеме владеени и некој друг да не владее, за да си бидеме раат, од корона до куртона, секако дека булшит ќе имаме во секој аспект.
Сепак, се бориме, кој како знае и најчесто погрешно, се фолираме дека би умреле за слободоата но при прва криза се товариме со брашно и тоалетна – тоа се ви кажува што сме станале – серковци
Затоа оние поумни, кои вие ги нарекувате со секакви имиња на светски заговори, се само вашата подсвесна желба да бидете во нечиј скут, некој кој ќе ви даде сигурност. Од Бог не ја барате, па што очекувате тогаш од човек кој е со слични страсти како вас? Не сте подобри од нив, само глумите.
Прошлата колумна, по рекциите, за многумина била “очотворувачка”, иако е стара работа, но патот кон излекувањето е прво – дијагноза. А се дијагностицира со осознаеме кој сме и какви сме, иако не знаеме ама абер немаме од каков дух сме создадени, ние само ги детектираме последиците од од нашите лоши деланија. Признај си и прифати одоговорност!
Да идам остро во лево … Многу теории на заговор се родени од две работи – страв и незнаење. Не дечки, видео на јујтјуб не е осознавање и просветлување, тоа е манипулација. Миленровиот експеримент од прошлата скоро се кажа, но и тоа е само еден аспект. Што правиме ако човек е навистина сам со себе, во иделна средина и како може да се однесува тогаш? Да се вратам на теориите на заговор, зошто немаме база на Марс, на Месечината, зошто немаме долгогодишни патувања низ вселената?
Ако сте забележиле на Интернационалната Вселенска Станица секогаш има минимален број на екипаж. Реално таму може да сместите десетина души повеќе, па и дваесетина .. но …
Одамна паметните кои ја проучуваат човековата природа и претпоставувајќи многу работи за тоа какви сме навистина, а тоа се гледа кога ќе биде доведен во екстрема во убаво и неубаво, ја градат Биосфера 2. Во пустина градат огромно здание, самоодржувачки мини – рај, и ставаат 4 пара –сопружници, кои треба таму да живеат. Проектот трае неколку години, од 1989 до 1991 и претставува потполн неуспех. Имено, градбата, која наликува на огромен стакленик, во која како во рајска градина изолирана од сите и од се, со најубавите растенија, чиста вода, почва, итн итн и сите услови кои се потребни човек да преживее само од она што треба. Самоооджрив еко систем со луѓе во него. Како што се одвивал експериментот, кој бил многу скап и извонредно испланиран, морале на неколку наврати херметичката творба да ја отвораат и да им достават дополнителни намирници, интервенции и некои неопходни работи за преживување кои и покрај идеалните услови, 4-те парови, да си ги создадат.
Но, фијаското е уште поголемо не заради неможноста да бидат self-sustain туку е уште пострашна- нетрпеливоста меѓу нив. Имено, тоа биле обучени научници, со сериозни знаење и способности, спремни и подготвени. Во Биосферата влегле со својот партнер за да можат да си задоволат не само физичките туку и физиолошките и емоционалните потреби.
Иако не одам детали, (гуглајте, оти вие е паметно сами да прочитате, а не од мене да земете здраво за готово, сепак само сакам да ве насочам), некои од паровите дошле до развод, а меѓу себе имало нетрпеливост која довела до и (скоро) физички пресметки. Фотографиите на млад и здрав, насмеан екипаж кој и тоа како влева доверба, на крајот од пропаднатиот екперимент покажаа сиви и намуртени ликови….
Што се случи и што докажа?
Не одиме на Марс, Месечината и не патуваме во вселената затоа што ментално и психички не сме подготвени за долга изолација еден со друг. Бергман тоа на некој начин го доведува во екстрема во Змијско Јајце, но во суштина на станица или вселенски ббросд , не може двајца луѓе да опстанат без да се развие сериозен антагонизам меѓу нив колку и да се обучени и подготвени. Најкратко кажано, според нацистичките експерименти – затвори и изолирај двајца луѓе во просторија 5 на 5, едниот ќе го убие другиот во рок од 6 месеци (ако нема мешњае со други луѓе, излегување од просторијата, прошетка, одалечување еден од друг подалку од очите и умот)
Ние развиваме мускули, интелектуално се потковуваме и мислиме дека тоа е се. Вишите морални и етички вредности ги заменивме со политички – коректни флоскули кои ама ништо не значат во нашата длабока природа. Некогаш сме биде во идеалот, сме биле во совршенство и паднавме на првиот испит. Интелектот е потиснувач на духот, а духот, кога – тогаш ќе пукне некаде како оштетено црево за хидраулика под притисок. Едноставно “билдаме” погрешни работи. Затоа сме и ќе бидеме уште повеќе манипулирани, и она што е одамна запишано – предвидено, ќе се оствари. Да, светот ќе стане еден и многу кратко ќе се радуваме дека сме ја достигнале утопијата која ќе биде изградена со потиснување на несвесното но исконското, без вредностите кои прородно се дел од нас. И ќе пропадне спектакуларно како што и Бисофера 2 падна.
Матерјалниот свет е создаден од ограничувања кои ги нарекуваме природни закони. Поентата е дека сме создадени да постигнеме натприодни подвизи, ама патот е претежок за современиот човек оти не знае да направи разлика помеѓу љубов и страст.
Автор: Јанко Илковски за НетПрес