Бишевац тврди: Мицкоски ќе биде шест пати подобар премиер од Заев

Вечерва во емисијата „Само Вистина“ поранешниот новинар Сафет Бишевац истакна дека Мицкоски треба да стане премиер бидејќи е далеку подобар од Заев. Токму Мицкоски ќе допринесе да профункционира правдата во државата, ќе донесе подобри реформи во образованието, и постабилна економија во државата.

„На местото премиер господинот Мицкоски ќе биде шест пати подобар од господинот Зоран Заев. Тимот на Мицкоски е многу подобар од тимот на Заев“, истакна Бишевац.
Бишевац додаде дека тимот на Мицкоски е далеку подобар од тимот на Заев, и немаат путер на главата како оние функционери кои денеска управуваат со Македонија. Тимот на Мицкоски ќе се бори против оваа корупција која е се повеќе присутна поради Заев и неговите функционери.