Битиќи зад себе има катастрофални 100 економски дена. Денешната прес конференција требаше да ја искористи за да им се извини на граѓаните за вртоглавиот пад на стандардот кој што се случува. Инфлацијата за месец март изнесува 8,8%, а цените на основните трошоци за живот пораснаа од 30 до 100%. Затоа над 35% од граѓаните се во ризик од сиромаштија. Бензините за кратко време се зголемени за повеќе од 80%; Килограм шеќер е има повисока цена за 36%; Килограм брашно за 83% повисока цена; Литар масло за јадење за 107% повисока цена; Литар млеко е за 47% поскапо; Струјата поскапе за повеќе од 30 проценти, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
Во соопштението додаваат дека, во исто време кога трудот на македонските земјоделци не се вреднуваше, Владата ја остави државата без основните резерви, па почна да проси масло, брашно, ѓубриво по регионот. И сето тоа го правеше, а граѓаните ги уверуваше дека знаеле за кризата уште од минатата есен. Битиќи требаше денес да каже како успеа долгот да порасне до неверојатни 60% од БДП, или над 7 милијарди евра, а притоа во Македонија да нема никаква реализација на капитални инвестиции“, додаваат во соопштението.
Се додава дека, Владата сега најавува нов заем од 900 милиони евра, со кои долгот ќе достигне 8 милијарди, долг кој треба да го враќаат идните генерации. -Парите завршуваат на криминални физибилити студии, набавки на мебел, службени возила, цвеќиња, фстаци и жардињери, додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај.
Македонија е на дното во регионот по раст на БДП за лани, Македонија е на дното во регионот по странски директни инвестиции. За каков успех говори Битиќи кога само во една година беа затворени 7000 компании, а бројот на вработени во индустријата е во континуиран пад, стои во партиското соопштение.