Вредноста на биткоинот во средата го достигна највисокото ниво оваа година, а вооедно и во последните пет месеци. Во утринските часови, цената на биткоинот достигна 10.489,78 долари, што е највисоко ниво од лани од септември, покажуваат податоците на CoinDesk.
Само од почетокот на оваа година, најпопуларната криптовалута ја зголеми својата вредност за 44 проценти. Со тоа и во февруари го продолжи трендот на раст на вредноста, откако јануари беше најдобар мсец во последните седум години за оваа дигитална валута. Причини за неодамнешниот раст на биткоинот има неколку, тврдат странски аналитичари. Една од нив е епидемијата на коронавирусот, што предизвикува побарувачка на „побезбедни средства“.