Биткоинот првпат надмина 50.000 долари

Најкористената криптовалута на светот биткоинот во вторникот достигна нов рекорд, надминувајќи го првпат нивото од 50.000 американски долари, поттикнат од сигналите дека сѐ повеќе го прифаќаат етаблинирани инвеститори.

Биткоинот накусо достигна цена од 50.602 долари, за потоа во попладневното тргување да се стабилизира на нивото од 50.300 долари, што значи дека остварил раст од 5 отсто во однос на претходното затворање на тргувањето.

Само од почетокот на годинава битконот зајакна за околу 72 отсто, а најголемата добивка ја забележа откако американскиот призводител на електрични автомобили „Tesla“ на претприемачот Илон Маск објави дека купил биткоини за 1,5 милијарди долари. Компанијата порача и дека планира да ја прифати криптовалутата како средство за плаќање.

Со тоа „Tesla“ го продолжи бранот на крупните вложувања со чијашто поддршка биткоинот се вивна од маргините на финансииит кон билансите на компаниите и на Волстрит, имајќи предвид дека наголемо почнаа да го купуваат американските компании и традиционалните валутни менаџер, забележува Reuters.

Подемот на биткоинот „го овозможија состојбите на пазарот во последниот период и случувањата во криптосветот и финансискиот свет воопшто“, појаснува Џејкоб Скаанинг од крипто хеџ-фондот ARK36

„Би сакал, сепак, да повикам на претпазливост: иако моите долгорочни процени се оптимистички, треба во меѓувреме да се очекуваат и големи осцилации на цените. Боткоинот и натаму е исклучително нестабилен“, истакнува Скаанинг.

Помалку користената криптовалута етереум (etherеum) зајакнала за 1,1 отсто, приоближувајќи се на своето рекордно ниво од 1.874,98 долари.