Реакциите во јавноста речиси никако да престанат поради тоа што власта им го нуди на граѓаните.
Речиси два дена Охрид и Битола се на мета на јавна критика за тоа како милионските тендери ги потрошија за срамното украсување на градовите, наместо парите да се искористат за помош во борбата со КОВИД-19.
Граѓаните постојано споделуваат фотографии од нивните градови, а сега Битола и Охрид добија сериозна конкуренција од Струга и Неготино.
По ова коментарите на социјалните мрежи се едногласни: „гледам како се украсени градовите и стварно ми е мило што одлучија парите наместо во болници или нешто да ги вложат во украсување. Вреди.“