
Регионалниот ценатар за гранични работи Југ го расчисти настанот од 23-ти овој месец кога во периодот од 14,00 до 20,00 часот од страна на непознато лице беа оштетени и поместени граничните камења помеѓу Македонија и Грција, соопштуваат од МВР.
По преземени мерки констатирано е дека сторител на кривичното дело “оштетување туѓи предмети” е Б.М.(36) од селото Гермијан, Битола. Во полициска станица извршен е разговор со Б.М. и тој го признал кривичното дело. Во координација со Основното јавно обвинителство Битола и по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена кривична пријава, се наведува во соопштението на МВР.