Секторот за внатрешни работи Битола и Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи во координација со Основното јавно обвинителство-Битола презедоа мерки и активности поради споделена објава со закани по живот на социјалната мрежа Фејсбук од страна на О.Ј. (40) од Битола, односно поради основано сомнение за сторено кривично дело по чл.144 „Загрозување на сигурност“ од Кривичниот законик на Република Македонија.
На 14.01.2019 лицето О.Ј. е повикано на службен разговор во полициска станица, а одземени се и предмети со цел прибирање на докази. По документирање на случајот, против О.Ј. ќе биде поднесена кривична пријава.
Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика ќе продолжи со активностите со цел санкционирање на ваквите случаи. МВР ги повикува сите граѓани кои се изложени на вакви закани или сведочат вакви закани, истите да ги пријават во најблиската полициска станица или на адресата [email protected].