Битолчани ќе се возат бесплатно со градскиот превоз

Во деновиве кога воздухот во Битола енормно ќе биде загаден, како што тоа е во последните денови, автобуските превозници нема да наплаќаат билети за граѓаните и тие ќе се возат бесплатно. Превозот ќе го субвенционира општината Битола која ќе ги плаќа билетите.

Ваков договор е постигнат помеѓу автобуските превозници на Битола и градоначалничката на Општната. Се очекува оваа одлука да биде усвоена од советниците на Советот на вонредната седница, која е закажана за денеска.