Од куќа во битолско украдени пари и накит вредни околу 38.000 евра.
Тешката кражба се случила вчера во село Буково-битолско. Непознат сторител со прекачување преку прозорец влегол во куќа сопственост на В.П.(59) одзел 33.500 евра, 3000 долари, 6.500 денари и златен накит стекнувајќи се со противправна имотна корист од 2.350.000 денари или околу 38.000 евра.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.