Веќе навикнавме во модерниот фудбал да бидеме сведоци на чудни ситуации поради финансиски причини.
Паоло Дибала долго време се поврзуваше со Манчестер Јунајтед, а потоа и со Тотенхем. Изгледаше дека „петлите“ ќе успеаат во последниот ден од преодниот рок да го доведат фудбалерот на Јувентус затоа што „старата дама“ ја прифатила нивната понуда, меѓутоа тој трансфер пропадна.
И причината затоа што пропаднал овој трансфер е навистина чудна.
Јувентус остана без добра заработка, а Тотенхем без големо засилување и тоа не било поради некоја од трите страни (Тотенхем, Јувентус, Дибала) туку поради „имиџ-правата“ на Аргентинецот.
Менаџерот на Дибала барал дури 14 милиони евра за имиџ-правата на ликот на Дибала кој би бил користен во комерцијални цели и Тотенхем не бил во можност да го да го исполни тоа. Не биле проблем парите, туку проблем било што во Англија закон за такви права не постои.
Но, има и нешто уште поинтересно.
„Имиџ-правата“ Дибала ги продал на неговиот поранешен менаџер и тие содржат 15 заштитни знака. Тие се во сопственост на компанија од Малта под име „Стар Имиџ Лимитед“. Дибала има право да креира содржини со тие и да добива процент, меѓутоа цената за која тие ќе бидат продадени не ја одредува тој, туку споменатата компанија.