Скопјанец лажно ограбил обложувачница за да благајничката го покрие минусот што го имала бидејќи му уплаќала тикети без да уплати пари, информираше МВР.
СВР Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против А.Ж.(30) од Скопје поради основано сомнение дека извршил кривично дело тешка кражба на дрзок начин, како и против Ј.Б.(22) од Скопје поради основано сомнение дека извршила кривично дело помагање и лажно пријавување на разбојништво. Двајцата при тоа се стекнале со противправна имотна корист од околу 196.000 денари.
Според полицијата, на 5 септември годинава околу 9.30 часот А.Ж. извршил тешка кражба во спортска обложувачница на улица Маџари во Скопје. Кривичното дело го извршил на тој начин што, по претходен договор со Ј.Б., со договорена закана со огнено оружје ја присилил да му ги даде парите од сефот од обложувалницата. Истото го извршил со цел да го прикрие долгот на парични средства кои претходно ги направил уплаќајки поголем број на тикети со високи суми, фиктивно без уплата на парични средства кои уплати ги извршила Ј.Б., вработена во обложувалницата.
Таа претходно со А.Ж. се договорила тој да дојде во обложувачницата вооружен со пиштол и да и ги побара парите од касата, а се со цел истата да го прикрие минусното салдо на состојбата од касата на обложувалницата, кое го направила на начин што се согласила да му изврши поголем број на фиктивни уплати на тикети на првопријавениот без уплата на парични средства.
Двете лица се приведени во Полициска станица.