Трендот на ослободување криминалци од македонските затвори, осудени за сторени тешки кривични дела, од страна на актуелната Влада предводена од Зоран Заев, продолжува и понатаму.
Следен криминалец, на список на Заев, кој требало да биде, а и е ослободен од затвор е Флорим Малоку, кој воедно бил и мозокот на вооружениот грабеж во „Прокредит банка“ во центарот на Скопје, кој се случи на 10 април 2009 година.
Тогаш од експозитурата на „Прокредит Банка“ беа украдени околу 50.000 евра, а за време на престрелките со „калашникови“, ранети беа тројца полицајци.
Исто така, за време на грабежот повредени беа и неколку граѓани кои во моментите додека ограбувачите ја вршеле вооружената кражба, биле во просториите на ескпозитурата на банката во центарот на Скопје.
Флорим Малоку, кој денес е пуштен на слобода, преку неговиот профил на социјаланат мрежа „Фејсбук“, јавно му се заблагодари на македонскиот премиер, Зоран Заев, како и на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, како што пишува тој „лидер на Албанците во Македонија“.
Денес ќе му се заблагодарам посебно на премиерот на Република Македонија – господинот Зоран Заев, и лидерот на Албанците во Македонија, господинот Али Ахмети, за нивниот придонес за започнување на правдата на една голема неправда што ми е направена, овозможувајќи ми да се вратам кај моето семејство, меѓу другото, пишува Флорим Малоку на својот „Фејсбук“ профил.