![Blat](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/09/Blat.jpg?resize=640%2C320&ssl=1)
Тренерот на „Олимпијакос“, Дејвид Блат вели дека конфликтот меѓу ФИБА и УЛЕБ да биде што е можно поскоро да запре, ако се сака корист за играчите и кошарката.
Јас сум некој кој живеел и работел во „двата света“. Бев селектор на Русија седум години, како тренер работам 25 години и повеќе од 10 години водев екипи во Евролигата. Знам дека и на едната и на другата страна има добри луѓе, но ситуацијата не е добра, рече Блат за „Еврохупс“.
Освојувачот на Евролигата со „Макаби“ Тел Авив додава дека поради овој став на лидерите на двете организации најмногу страдаат играчите.
Она што се случува е добро само за луѓето со силни ега и политичка линија. Ова мора да се заврши. Неопходно е некој да изнесе јасен став и да каже „ајде да видиме што е најдобро за играта и играчите, а не за политичарите и разни суети“. Сегашната ситуација е погрешна и мора да запре.
Главната причина за конфликт меѓу ФИБА и УЛЕБ е во усогласување на календарот, па клубовите во Евролигата и Еврокупот имаат право да им забранат на играчи настап за националните тимови во квалификациите за Светското првенство, кои се одвиваат во текот на сезоната.