![blerim-reka-960x639-800x445-890x395](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/03/blerim-reka-960x639-800x445-890x395-e1551791334220.jpg?resize=640%2C284&ssl=1)
Блерим Река, кој беше и кандидат за претседател во Македонија поддржан од Алијанса за Албанците и БЕСА на изборите кои се оддржаа пролетоска (21 април и 5 мај 2019 година), ќе биде министер за евро-интеграции во новата влада на Косово, јавуваат косовските медиуми.
Гласањето во парламентот за новата влада која ќе ја предводи лидерот на Движењето Самоопределување, Албин Курти, е закажана за понеделникот во 11 часот.
Владата на Курти ќе брои 15 министри и 33 заменици-министри, што е големо намалување во однос на претходната влада која имаше 23 министри и околу 80 заменици-министри.