Американската администрација не ги охрабруваат властите во Киев да изведуваат напади на територијата на Русија но ќе продолжат да ѝ доставуваат на Украина помош во оружје за да се заштити, изјави во вторникот државниот секретар Ентони Блинкен.
„Не ги охрабруваме Украинците да изведуваат напади на руската територија и не им го овозможуваме тоа. Но важно е да се разбере она што Украинците го доживуваат секој ден во заднината на руската агресија насочена против нивната земја. Ние, заедно со нашите партнери ширум светот сме решени да се погрижиме да ја имаат потребната опрема да се одбранат себеси, својата територија и слобода“, рече Блинкен во вторникот за новинарите на прес-конференцијата по билатералните американско-австралиските разговори во Вашингтон.
Одговорот на американскиот државен секретар беше во врска со извештаите претходно во вторникот за обиди за напади со беспилотни летала на три аеродрома Русија, од кои два неколку стотици километри во длабочина на нејзината територија. Москва го обвини Киев за нападите со дронови и посочи дека американската компанија Maxar два дена пред нападите ги снимала токму тие аеродроми со своите комерцијални сателити. Украина не го потврди своето учество во нападите, но ги прославуваше.
„Се разбира, видовме извештаи за овие напади, но немам никакви детални информации“, рече Блинкен коментирајќи ги извештаите за обидите на Киев со беспилотни летала да ги напаѓа воените аеродроми на руската територија.
Блинкен, исто така, рече дека не гледа знаци на намалување на двопартиската поддршка во САД за сегашниот курс на Вашингтон во однос на војната во Украина.
„Карактеристично за нашите напори за поддршката на Украина е многу силната двопартиска поддршка. Не гледам дека знаци дека таа ќе заврши“, рече шефот на американската дипломатија.
Истовремено, Блинкен одговори дека Вашингтон „не ја гради својата политика врз основа на истражувањата на јавното мнение“. САД ја градат политиката врз основа на сопствените интереси, истакна додавајќи дека тие интереси , според него, се состојат „во натамошната помош за Украина“.
Истовремено на истата прес-конференција американскиот министер за одбрана Лојд Остин рече дека САД не ги попречуваат властите во Киев да развиваат оружје со долг дострел.
„Прашањето беше дали САД се обидуваат да ја попречуваат Украина да се здобие со сопствена способност за удари со долг дострел. Краткиот одговор е не. Ние, секако, не го правиме тоа“, одговори шефот на Пентагон на новинарско прашање.