За десет години близу 66.000 Македонци се стекнаа со бугарско државјанство. Во скоро сите случаи, причината за ова е доказ за бугарско потекло. Ова стана јасно од одговорот на министерката за правда Десислава Ахладова за време на парламентарната седница.
Од 1 јануари 2010 година до 22 октомври 2020 година, апликации за стекнување бугарско државјанство поднеле 77.829 македонски државјани, од кои 77.726 биле со бугарско потекло. Во истиот период, со претседателски указ, 65.675 Македонци добиле бугарско државјанство.
Прашањето во парламентот беше на Христо Гаџев од ГЕРБ, а неговиот коментар беше дека додека Македонците сакаат бугарско државјанство, што ги прави граѓани на Европската унија, во Северна Македонија се води недопустлива политика и се даваат предлози против Бугарија.
– Во последните 10 години, нашата земја издаде најмногу пасоши на жителите на нашиот сосед во 2010 година – 11.724 примероци, а најмалку се издадени во 2013 година – 2171 примероци, рече Ахладова.
Во текот на оваа година, бугарски пасош добиле 6.712 Македонци, додека од почетокот на 2020 година до крајот на октомври беа поднесени 1.963 апликации.