На помалку од 32 километри од утврдената граница со Северна Кореја, јужнокорејските и американските сили во средата одржаа голема воена вежба со боево артилериско, тенковско и гаѓања со други оружја.
Јужна Кореја и САД ги продолжија најголемите теренски воени вежби во последните неколку години, откако поради дипломатските напори и ограничувањата поради пандемијата на Covid-19 беа одржувани помали маневри за разлика од вообичаените големи кои се одржуваат двапати годишно.
Вашингтон и Сеул таквите вежби ги сметаат како „клучен дел од сопствените напори да го одвратат агресивното дејствување на Северна Кореа со растечки нуклеарен потенцијал“.
Северна Кореја, како и изминатите децении, таквите воени маневри на САД и Јужна Кореја во кои често учествуваат и американските стратешки бомбардери, ги доживуваат како „подготовка за војна“ и „инвазија“ врз нејзината територија. Критики и протести на таквите маневри им и во Јужна Кореја и во САД.
Медиумите чиишто новинари во средата присуствувале на вежбите, пренесуваат дека станува збор за првите вежби на ниво на дивизија за 2-та пешадиска дивизија којашто ја сочинуваат припадници на јужнокорејската и на американската војска. Станува збор за единствената мултинационална дивизија на американската армија формирана во 2015 година.
Вежбите, пренесува Reuters, вклучувале боево гаѓање од американски и јужнокорејски хаубици, тенкови, митралези и минофрлачи. Учествувале и јуришните авиони „А-10“ и хеликоптери „Apache“.
Полковникот Брендон Андерсон, заменик на командантот на маневарската дивизија, изјави дека вежбите „не биле насочени на ниеден противник“, но дека „очигледно ја земаа предвид причината за сојузот меѓу САД и Република Кореја“, со што всушност јасно се алудира на Северна Кореја.
Вежбите се осмислени за симулација на борба со непријателот кој би можел да им парира на сојузниците на теренот, додал американскиот полковник.
„Се увежбуваме за борбени операции од големи размери“, додал полковникот Андерсон, истакнувајќи дека судирот во Украина „пружил лекции потребни за подобрување на артилеријата со долг дострел“, како и способноста за разузнавање и извидување.
Во Јужна Кореја се стационирани постојано 28.500. а често таа бројка се движи и до 55.000 американски војници, чијаш од примирјето во 1953 година на Корејската војна и поделбата на полуостров.
Северна Кореја редовно ги осудува повеќекратните годишни редовни заеднички воени вежби меѓу Јужна Кореја и САД, како подготовки за напад врз неа и повремено пред нивното одржување изведува нукларни или ракетни тестирања или испраќа вербални закани за уништување на двете земји.