Италијанската манекенка стана позната во јавноста кога го обвини Харви Вајнштајн за сексуално вознемирување.
Италијанската манекенка Амбра Гутерез (28) била фотографирана на плажа во Мајами, а носела навистина провокативно бикини.
Имено, младата убавица која што беше една од клучните сведоци во постапките против Харви Вајнштајн и Силвио Берлускони, трчала по плажата со своето куче и така ја покажала својата сексапилна фигура на тело.
Нејзе очигледно не ѝ пречеле погледите од присутните и била една од главните атракции на плажата тој ден.
Таа ја истакнала својата манекенска фигура и ги покажала своите бујни гради, долги нозе и неверојатен задник, а единствената маана која што ја пронашле нејзините обожаватели биле стриите на колковите и задникот.
Таа постојано си играла со своето куче, а потоа влегла во водата да се излади, па нејзиното мокро бикини „се стопило“ со нејзината боја на кожа, па во еден момент сите помислиле дека убавицата е гола.
Да ве потсетиме, Амбра стана позната во јавноста откако се натпреваруваше за Мис Италја, а потоа се појави и во „GQ“ магазинот каде што ја забележале моќните функционери.
Пред десет години таа била и гостинка на забавите на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, па подоцна стана и клучен сведок во постапките против него.
Исто така таа во 2015-та година јавно го обвини Харви Вајнштајн за сексуално вознемирување, а сите докази ги покажа во јавноста.