Кандидатот за демократска претседателска номинација во САД, Мајкл Блумберг вети дека ќе го намали разликите во богатството меѓу Афроамериканците и белците во САД со зголемување на уделот на Афроамериканците кои поседуваат недвижнини, бројот на афроамерикански бизниси и инвестирање во сиромашни квартови.
Според анкетите, се зголемува поддршката за Блумберг, последниот демократ кој се вклучи во претседателската трка. Поранешниот градоначалник на Њујорк го користи своето богатство и многу инвестира во рекламирање.
Сепак, Блумберг е далеку зад Берни Сандерс, Џо Бајден и Елизабет Ворен на анкетите, со низок рејтинг кај Афроамериканците кои се околу една четвртина од демократските гласачи.
Во говорот во Тулса, Оклахома, ден пред денот на Мартин Лутер Кинг, Блумберг рече дека планира да им помогне на еден милион Афроамериканци да станат сопственици на имот за 10 години, а истовремено да го зголеми и бројот на афро-американските бизниси.
Тој вети дека ќе започне програма од 70 милијарди американски долари за борба против сиромаштијата во 100 сиромашни афро-американски квартови.
– Не може да се вратат стотици години грабежи и експлоатација со современи обиди да се легализира правната еднаквост, рече тој.
Според ФЕД, семејства со белци имале шестпати поголеми примања од Афроамериканците во 2016 година, и тоа е јаз како константа од 1962 и укинувњето на сегрегацијата, јавуваат американски медиуми.