Едно лице е повредено откако автомобил „БМВ“ ноќта кон неделата околу 2,30 часот излета од булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, во близина на Католичка црква.
Од полицијата информираат дека 26-годишниот Д.Б. од Скопје загубил контрола над возилото, излетал од патот удирајќи во повеќе бетонски столпчиња и метална капија.
Со возило на Итна медицинска помош во Гратската општа болница „Свети Наум Охридски“ повреден бил пренесен сопатникот 29-годишниот Х.Ч., но самоволно си заминал од болницата без да му биде извршен лекарски преглед.
ФОТО: Ѕид на сообраќајниот срам