
Момче на возраст од 26 години загина откако доцна синоќа возилото со кое управувало излетало од автопатот Гостивар-Тетово.
Според полицискиот извештај: на 15.08.2019 во 22,40 часот било пријавено дека на автопатот Гостивар-Тетово после „Неготинска петла“, Б.Ј.(26) од с.Топлица-о.Врапчиште, управувајќи патничко моторно возило БМВ со гостиварски регистарски ознаки излетал надвор од коловозот. Во незгодата возачот починал на местото на настанот. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гостивар. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.