Натурализираниот Американец никогаш не криел дека негова најголема желба е да заигра во НБА лигата, а сега ќе има таква можност, бидејќи Њу Орлеанс во него виде идеално решение за плејмејкерската позиција.
Клубот потврди дека е потпишан договор со Мекејлеб, кој остави зад себе сезона за заборав, во која повеќе време беше повреден, а настапи само кусо време во дресот на Баерн Минхен.
NEWS: #Pelicans sign New Orleans native Bo McCalebb to preseason roster – http://t.co/Uwrnj4kONx pic.twitter.com/nRP72LKSUU
— New Orleans Pelicans (@PelicansNBA) October 15, 2015
Со ова Мекејлеб ќе биде вториот Македонец кој ќе биде дел од најквалитетното натпреварување во светот на кошарката, откако Перо Антиќ две сезони успешно го носеше дресот на Атланта Хоукс.
Лестер Бо Мекејлеб европската кариера ја почна во турски Мерсин, по што играше за Партизан, Монтепаски и за Фенербахче.
За Македонија прифати да игра во 2010 година, во квалификациите за ЕП 2011, каде што потоа брилјираше и беше избран во најдобрата петорка на турнирот, а настапи и на следниот континентален собир две години подоцна во Словенија.