„Бојмија“ позади „Скопјанка“ станува еднонасочна улица

Деновиве се поставува хоризонтална и вертикална сигнализација за воведување еднонасочен режим на улицата „Бојмија“ во населбата Острово, зад Трговскиот центар „Скопјанка“, во правец кон Железничката станица.

-Воведувањето на новиот сообраќаен режим ќе придонесе да се намали сообраќајниот метеж, а со тоа да се зголеми и безбедноста на пешаците, изјави градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин.

Од идната недела ќе почне воспоставувањето на новиот сообраќаен режим и на улиците во населбата Лисиче, со вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација, што ќе овозможи зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.