Вечерва во дебатниот магазин „Клик плус“ на ТВ21 гостува министерот за транспорт и врски Благој Бочварски кој зборуваше за автопатот Кичево-Охрид.
Министерот вели дека овој автопат е дел од Коридорот 8 и започнал да се гради од 2013-2014 година, но при самата изградба се појавиле голем број на проблеми.
„Се работи за обрушување на косини кои при проектирањето се проектирани со помалку или недоволно геомеханички испитувања. При тоа се покажува дека тој терен и тие косини се нестабилни при изградбата. Така што, во овој период се изврши репроектирање на 25% од целата оваа делница Кичево – Охрид, што значи дека косините се ублажија таму каде што е потребно, се испроектираа клучките. Имаме готов нов проект, обновен со ревизија кој што бара дополнителни средства за да конечно целиот овој проект биде реализиран“, посочи Благој Бочварски.
Тој додава дека цената на овој проект се зголемила за околу 200 милиони, а вкупната цена е заклучена во 2018 и изнесува 598 милиони евра.